г.г. Стефан: Неприфатливо е откажување од името „Македонска православна црква“ во замена за томос од Вселенската Патријаршија
Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да и додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија – истакна архиепискот охридски и македонски г.г Стефан.
Во однос на тоа кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето.
– Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле, изјави поглаварот на МПЦ-ОА.