Градоначалникот Јовчески: “Дарувањето крв со цел да се спаси нечиј живот е највисок чин на хуманоста”

По повод одбележувањето на 17 Март-Денoт на основањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Република Македонија, во просториите на Општина Прилеп денеска се одржa крводарителска акција која ја организираше општинската организација на Црвен крст. Голем број од вработените од Општина Прилеп ја покажаа својата хуманост и даруваа крв, прв меѓу нив се разбира беше и прилепскиот Градоначалник Борче Јовчески. По тој повод Јовчески истакна:
“Дарувањето крв со цел да се спаси нечиј живот е највисок чин на хуманоста.Благодарение на изградената свест и хуманост на илјадници наши сограѓани крводарители спасени се многу животи, за што како градоначалник на општина Прилеп изразувам огромна благодарност. Воедно остварив средба со крводарителите од нашата општина на кој што во соработка со општинската организација на Црвениот крст му доделивме благодарници и лично им се заблагодаривме за нивната хумана мисија. Дарувајте крв, спасете живот”-истакна Градоначалникот Јовчески