РИСТЕСКИ СО СЕРИОЗНО ОБВИНУВАЊЕ: Тоа што се случило на клиниката за Онкологија претставува организирано и масовно убиство, а јавниот обвинител е ангел чувар на криминалците

Сподели го ова:
























„После сите овие информации кои ги добивме и по целокупната работа од Анкетната комисија ќе следува заклучок. И можам да ви гарантирам со сигурност квалитетен заклучок бидејќи се разгледуваат многу материјали, многу извештаи од сите институции кои се вклучени. И ќе следува заклучок околу политичката одговорност, не сакам пред време да кажувам, но од ова што се гледа секако дека ја има“, истакна Петар Ристески пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во утринската емисија на Алфа телевизија.

„Обвинителството ги има сите информации. Јавниот обвинител во овој момент, и во целокупната негова работа генерално претставува ангел чувар на оние кои што го кршат законот, на луѓето кои практикуваат криминал и корупција. И за тоа сме дојдени до оваа ситуација до каде што сме дојдени“,нагласи Ристески.

Ристески истакна дека јавниот обвинител и МВР не треба да помислат да застанат во одбрана на вакво грозоморно случување во клиниката за Онкологија.

„Ова претставува организирано и масовно убиство. Овдека не знаеме колку луѓе ги изгубиле животите поради лакомоста за пари на одреден круг на луѓе внатре во клиниката“, нагласи Ристески.

„И во јавноста, и во експертската јавност, и од она што досега од медиумите се доби како информации, може да се каже дека таму се води истрага по три основи. А, овие седум лица се осомничени од само по еден основ. И што се случува сега со оние два основа, дали има осомничени, нема осомничени, тоа треба одговорат овие од Јавното обвинителство, и од МВР. Од прашањата од нас пратениците на Анкетната комисија за работи кои не им одговараат добро се затскриваат со реченицата истрагата е во тек, и не можеме да изнесеме многу информации“, истакна Ристески.




Сподели го ова:

Слични објави