Во посета на Општина Прилеп денеска беше Н.Е. Никол Варнс, вршител на должноста Амбасадор на Соединетите Американски Држави

Сподели го ова:





























Денеска во Општина Прилеп прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски оствари средба со Н.Е. Никол Варнс, вршител на должноста Амбасадор на Соединетите Американски Држави. На состанокот се разговараше за актуелните состојби, развојните процеси и идните приоритети на нашиот град, меѓу кои и изработката на новиот Генерален урбанистички план, како еден од најважните документи за идниот развој на Прилеп.

“Како територијално најголема општина во нашата држава, Прилеп има потреба од современо урбанистичко планирање што ќе овозможи долгорочен развој, подобра инфраструктурна организираност и поквалитетни услови за живот за граѓаните.

Разговаравме за образованието и можностите за продлабочување на соработката со Амбасадата на САД, со цел создавање нови можности за младите во Прилеп.

Тема на средбата беше и потенцијалот што Прилеп го има во областа на туризмот и нашите заложби градот сè поцврсто да го позиционираме на туристичката мапа, преку развој на манастирскиот туризам, културното наследство, природните убавини и алтернативните спортови.

Беше разговарано и за значењето на капиталните инфраструктурни проекти, особено изградбата на обиколниците „Исток“ и „Запад“, кои во иднина ќе придонесат за подобра сообраќајна поврзаност, растеретување на градскиот сообраќај, намалување на метежот и загадувањето, како и за побезбеден и пофункционален сообраќаен систем.

Во разговорот ја потврдивме добрата соработка и партнерските односи што Македонија ги има со Соединетите Американски Држави, а ние како локална самоуправа на Општина Прилеп и во наредниот период ќе продолжиме да ги унапредуваме меѓународните и билатералните односи, со цел јакнење на соработката со сите пријателски земји, институции и партнери” – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави