Приведени се двајца прилепчани под сомнение дека извршиле повеќе тешки кражби
Денеска (04.11.2022) во 12.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода А.В.(46) и М.Т.(25), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“. Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичните дела. Известен бил Јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.