МВР ПОВТОРНО СТОПИРАШЕ ВОЗИЛА ВО ПРИЛЕП: Вкупно 19 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Битола (Прилеп, Битола…)
Врз основа на информациите од МВР, во текот на изминатата вечер (29/30.10.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 19 возачи.
За време на контролата биле санкционирани и 26 други видови прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.