ГАЛЕРИЈА: Минатиот викенд “Кафе Дома” го прослави својот јубилеен 5-ти роденден
Мирисот на вкусното и квалитетно кафе, веќе пет години “ги мами прилепчани” да уживаат во топлиот и пријатен амбиенет на “Кафе Дома”. Нивната беспрекорна услуга, ниските цени, одличното кафе и специјалната понуда на пијалоци, направи успешно да функционираат и работат цели 5 години. По повод нивниот јубилеј – 5 години постоење, “Кафе Дома” минатиот викенд со одлична забава го прослави својот 5-ти роденден, со спектакуларен огномет и богата музичка програма за која се погрижија Марија Данева и DAG Band.
Голем број на нивни пријатели, соработници, гости и љубители на беспрекорните услуги на “Кафе Дома” беа дел од одличната забава по повод 5-тиот роденден на “Кафе Дома”.
Тимот на информативниот портал “СТАНИЦА.МК” Ви посакува уште многу успешни години!







