ТРИПУНОВСКИ ЈА ОБВИНУВА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ: “Водостопанство – Прилепско поле” e со исклучена струја поради неплатени сметки

Сподели го ова:


























“Водостопанство – Прилепско поле” e со исклучена струја поради неплатени сметки, а ваквата вест ја соопшти Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, кој што истакна дека Централната власт ги уништува институциите, па како резултат на тоа подружниците на водостопанство Брегалница, Прилепско поле и Тиквеш, поради неисплатени долгови се со исклучена струја.

“Власта, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите. Состојбата со АД Водостопанство станува неподнослива. Додека над 500 вработени од претпријатието веќе трет месец се без плата и здравствено и пензиско осигурување, сега подружниците на водостопанство Брегалница, Прилепско поле, Тиквеш поради неисплатени долгови се со исклучена струја. Додека АД Водостопанство се распаѓа, директорот, Николовски и Ковачевски уживаат во комодитетот на функцијата. Ваквиот начин на работа, на негрижа и неодговорно однесување од страна на функционерите на власта на СДСМ стана пракса. Доаѓа крајот на ваквото расипничко однесување. Следуваат промени” – се истакнува во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави