Официјално oд денеска Дејан Проданоски е градоначалник на Општина Прилеп

Сподели го ова:






























Откако Дејан Проданоски победи во првиот круг на Локалните избори со големата убедлива победа, и откако ја доби најголемата поддршка од прилепчани во историјата на Прилеп, односно победи со скоро 3:1 во однос на неговата против кандидатка од СДСМ, денеска и официјално на документ стана новиот градоначалник на градот под Марковите Кули.

На денешната свечена седница од страна на Општинската изборна комисија – Прилеп, им беа доделени мандатите на новиот Градоначалник и на идните Советници во советот на општина Прилеп.

Да бидеш градоначалник не значи да седиш во канцеларија. Тоа значи да го слушаш народот, да ги чувствуваш проблемите и со чесна работа да бараш решенија. Тоа е обврска да обезбедиш чиста улица, осветлена патека, уредено маало и живот достоен за секој човек, во секој дел од нашиот град и населените места околу него. Прилеп заслужува повеќе. Заслужува нова енергија, поубави населби, нови работни места и шанса за секој млад човек што сака својата иднина да ја гради овде, дома, а не далеку од своите. Јас верувам во тоа и верувам во вас” – порача Проданоски пред околу две недели за време на изборната кампања.




Сподели го ова:

Слични објави