Проданоски: “Македонија има свои интереси и своја политика-тие им припаѓаат на сите Македонци”

Сподели го ова:


Претседателот на Советот на Општина Прилеп, (а воедно и Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп) Дејан Проданоски како вистински голем патриот, по повод денешното одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, се обрати до граѓаните со емотивна порака на својата официјална Facebook страна, при што истакна: “Македонија има свои интереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец….. Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“. Овие мисли на Големиот Гоце Делчев, Ви ги пренесувам на овој ден, кога одбележуваме 150 години од неговото раѓање. Вечна Ти слава голем македонски великану! Ти си човекот кој ги пленел луѓето со својата преданост, добрина, искреност и срдечност. И се уште плениш со својата големина!„Гоце во душата носеше големо знаме – знамето на апсолутна слобода, на безгранична љубов, но со пушка на грбот, се разбира. Слободата никој не ја дава за џабе, велеше. Слободата мора да се освои“ – забележал во своите спомени Кузман Шапкарев за Гоце.Токму и затоа, следејќи го неговото дело, ние, сегашниве генерации, треба да се погрижиме да ја развиваме, економски да ја јакнеме Македонија, да го чуваме македонскиот идентитет, јазик, традиција, култура”-истакна Проданоски.





Сподели го ова:

Слични објави