ВИДЕО-ЛЕФКОВ: Сега од Бугарија доаѓаат најави за нов пишан документ кој се подготвува на сметка на Македонија

Сподели го ова:























Распродажбата на националните и државните интереси не престанува. СДСМ продолжува со концесиите кои ги дава на Бугарија- потенцираше денес Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ на неговата прес-конференција која Ви ја пренесуваме во прилог на оваа објава:

“Откако Заев потпиша штетен договор со Бугарија во 2017-та година, откако Ковачевски потпиша понижувачки Протокол во 2022 година, сега од Бугарија доаѓаат најави за нов пишан документ кој се подготвува на сметка на Македонија. Имено, министерот за надворешни работи во службената влада на Бугарија, Николај Милков најави дека ќе има нов писмен документ кој ќе ги дефинира задачите на различните институции во односите со Македонија. Ова значи дека написмено ќе се уредат сите тие како што ќе кажат “обврски“ за Македонија и тие обврски ќе се однесуваат за македонските институции.Ете до каде не дотера измеќарскиот менталитет на Ковачевски и СДСМ. Ова е погазување на суверенитетот на Македонија. Немањето на стратегија на владата на СДСМ и Ковачевски остава простор Бугарија да диктира како што ќе кажат “систематски пристап“ , со цитирам “ јасно запишани  задачи и одговорности, за да може да се очекуваат и резултати.

Кусогледоста и измеќарлукот на Заев, а сега и на Пендаровски и Ковачевски доведоа до тоа Македонија да добива нови и нови уцени,  нови барања и задачи. Затоа кажавме дека прифаќањето на “Предлог“ кои огромното мнозинство на граѓаните не го прифаќаа, води или до бесконечни преговори или до асимилација по бугарски диктат. Бугарија јасно порача дека во преговарачката рамка за Македонија историјата е составен дел, сиротата министерка за култура веќе најавува цензура на културното творештво, а со новиот пишан документ ќе се предвидат и нови обврски за Македонија. Сега после еден месец од историскиот успех кој што го најави Ковачевски се случува нов дебакл  и нов пишан документ со задачи. Овој документ ќе биде основата на која Бугарија ќе го оценува напредокот по нивни терк и според кој ќе одобрува или не продолжување на преговорите. Каде се сега Османи, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски да кажат што содржи овој пишан документ кој го најавува бугарската дипломатија? Пак ли ќе се кријат и ја доведуваат Mакедонија пред свршен чин.

За да престанат предавствата и газењето на македонските национални и државни интереси мора да се случат избори, мора да се случи референдум на кој народот јасно ќе каже дали е за или против ваквата измеќарска и понижувачка политика на Ковачевски и СДСМ“-потенцира  Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.



Сподели го ова:

Слични објави