НАШАТА ЧУДЕСНА ЗЕМЈА: Од болница избегал пациентот кој можно е да има мајмунски сипаници!

Во Македонија најверојатно го имаме првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници.
Како што информиравме вчера, а врз основа на изворите на ТВ Алфа, вчера беше најавено прием на пациент од Кичево во Инфективна клиника-Скопје кој што е сомнителен на мајмунски сипаници. Станува збор за 43-годишно лице од Кичево, кое што можеби е заразено од мајмунски сипаници. Имено, ова лице 3 недели било на престој во Австрија, а лекарска помош побарал веднаш кога се вратил во Македонија.
Пациентот, вчера пристигнал во градската болница во Кичево со симптоми на изнемоштеност и видливи траги на неговата кожа. Врз основа на првичните прегледи во болницата му било препорачано да остане во истата и да се тестира за мајмунски сипаници, меѓутоа според тамошните власти, кичевчанецот побегнал и не го посетил ниту матичниот лекар-објави ТВ Алсат.

















