Пронајдена е бомба во Прилеп – случајот е пријавен во прилепската полициска станица
Врз основа на информациите од дневниот билтен на МВР, на 03.02.2023 во 14.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Чепигово, прилепско, била пронајдена неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна.
Бомбата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.