151 година од раѓањето на Гоце Делчев

Сподели го ова:


























Гоце Делчев е еден од најголемите македонски национални херои, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна борба, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.

Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш.  На 3 мај 1903 година откако пристигнал на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ во селото Баница Серско, војската го опколила селото и во борбата утрото на 4 мај загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.

Тој својот живот го подари на највисоката кауза за слобода на својот народ. Со право за македонскиот народ претставува стожер врз кој ја градиме нашата државност и самобитност. Делчев, преку своите дела си обезбеди трајно место во колективното паметење на македонскиот народ. 




Сподели го ова:

Слични објави