Прилепчанецот Гоце Балада пронајде паричник- јавно го бара сопственикот на паричникот за да му го “врати загубеното”


Паричникот кој го најдов си го пронајде вистинскиот сопственик, на кој пред да му го вратам, самиот тој точно одговори на следниве прашања: каков привезок има во паричникот и колку пари има во истиот. Всушност, сопственикот е едно од двете лица кои беа на сликата која стоеше во страничниот џеб на новчаникот. МОЕТО СИ Е МОЕ, А ТУЃОТО СИ Е ТУЃО! -напиша Гоце Балада на социјалните мрежи, откако се пронајде вистинскиот сопственик на паричникот.
Имено, денеска на социјалните мрежи, беше објавена објава од Гоце Илиески, според која што овој прилепчанец утрово пронашол паричник во кој има парични средства, па врз основа на тоа на социјалните мрежи напиша објава, според која што го бара сопственикот на паричникот за да му го “врати загубеното”. Станува збор за композиторот Гоце Балада кој всушност е и Уметнички директор на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, а воедно и автор на сите детски песни од сите досегашни изданија на овој фестивал.
“Денеска најдов црн новчаник со евра и денари. Ако некој си го препознае новчаников, нека ме контактира во порака на Facebook. Благодарам” -напиша Гоце Илиески Балада во својата објава на неговиот профил на социјалните мрежи, а веднаш под објавата сподели и слика од пронајдениот паричник.


















