“Тепачка” пред прилепската болница помеѓу 13 лица! Пукано е во воздух од страна на МВР
Денеска во ОВР-Прилеп околу 12 часот добиена е пријава дека пред прилепската болница настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други останати предмети.
Веднаш по пријавата на лице место биле испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби, и си продолжиле да се тепаат помеѓу себе. Веднаш потоа, еден од полициските службеници испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол.

Како резултат на овој случај, прилепската полиција приведе 13 лица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Имено, физичката пресметка помеѓу двете групи почнала изутрината во селото Бела Црква, а потоа “финишот: продолжил пред градската болница во Прилеп.


















