Според анкетите, Мицкоски со најголема доверба кај граѓаните

Сподели го ова:
























Според анкетите, како политичар Христијан Мицкоски има најголема доверба кај граѓаните, а сето ова го потврдува и најновата анкета на ИПИС. Институтот за Политички Истражувања од Скопје, спроведе кратко телефонско истражување од 4 до 6 мај 2022 на вкупно 1111 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Станува збор за истражување каде граѓаните ги изразуваа своите сопствени ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари.

Во однос на анкетното прашање „Во кој политичар имате најголема доверба?“, цели 16,2% се изјасниле дека тоа е Мицкоски, додека пак довербата на Димитар Ковачески е само 8,7 проценти од испитаниците. Од сето ова може да се заклучи дека Христијан Мицкоски поседува речиси двојно повеќе доверба во однос на Димитар Ковачески.




Сподели го ова:

Слични објави