ВИДЕО: ПРОДАНОСКИ РАСПАЛИ ПО ГЕРАМИТЧИОСКИ: “Да се преиспитате, да си ја прочитате домашната, а не овдека да навредувате и да кажувате дека се прави притисок- советниците имаат право да дискутираат на точките на дневен ред кои се дадени”

Сподели го ова:
























Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа редовната 10-та седница, на чиј дневен ред се најдоа 35 прашања од интерес на граѓаните. Она по што ќе биде запамтена денешната седница на Советот на Општина Прилеп, е говорот на Претседателот на Совет – Дејан Проданоски, кој што жестоко “распали” по советникот од СДСМ- Дарко Герамитчиоски. Во прилог, Ви го пренесуваме моќното излагање на претседателот на Советот – Дејан Проданоски:

“Ве прашувам г-дине Герамитчиоски затоа што бевте прилично жесток во Вашата дебата, и ги браневте директорите на училиштата кои што не биле условно променети. Променети се само оние директори кои си дале оставки. Ниту по еден друг основ, нема промена во Општина Прилеп, инаку сигурно до сега вашава партија од централно ниво, и ингеренции ќе ни одземеше, немаше ниту еден да има променето и ќе се влечкавме по судови… Е сега, конкретното мое прашање од мене до Вас, е во кое својство се јавивте.. Како правен застапник на овие основни и средни училишта или како советник? Вие овдека треба да му кажите на Советов каква е таа чиста случајност што вие – Дарко Герамитчиоски до сега сте ги застапувале сите основни и средни училишта како правник. И дали, (вие сте правник), тоа не се коси сега со сегашнава Ваша функција да излегувате на говорници и да земите право на збор.. Дали немате конфликт на интереси Вие г-дине Герамитчиоски? И дали, не постои конфликт на интереси да ги застапувате сеуште како советник и основните и средните училишшта и да излезите овде на говорница за да држите предавање како треба или не треба да биде, и дали на некоја општина ќе и се земи ингеренцијата што ми дадена, односно согласно законот за децентрализација. Мислам на јавноста треба да и дадете одговор, и мислам дека треба добро да се разгледа овде од службите дали вие воопшто како советник треба да сте член на советот затоа што се коси со вашата професионална ориентација. Добро стои таму во вашата комора, дека ако сте активен адвокат треба Вашата адвокатура да ја ставите во мирување дури сте советник, или да се откажите од член на советот. Затоа да се преиспитате, да си ја прочитате домашната, а не овдека да навредувате и да кажувате дека се прави притисок. Советниците имаат право да дискутираат на точките на дневен ред кои се дадени”-истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави