“Се обидуваат да го угушат штрајкот со закани за вработување на заменски наставници, но тоа не држи вода, станува збор за работа со деца”-истакна Јаневска

Сподели го ова:


Повикани се да полагаат стручен испит во време на штрајк наставници, а претходно не можеа да измолат да дојдат во Државниот испитен центар да полагаат од разно разни оправдувања и причини, за да обезбедат заменски наставници, реагира Весна Јаневска, универзитетски професор и претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука во вечерашното интервју во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа.

На прашањето дали заканите со изнаоѓање на заменски наставници може да го угуши штрајкот, Јаневска смета дека тоа е само обид за прекинување на штрајкот и присилба на наставниците да го прекинат штрајкот, укажувајќи дека тоа со заменските наставни не држи вода бидејќи мора да се има во предвид дека станува збор за работа со деца.

-Тоа со заменските наставници се навистина необична приказна која не држи вода. Искрено не верува затоа што никој не знае колку ќе трае штрајкот. Заменскиот наставник кој доаѓа од клупа, без поминат стаж ги собираат сите кои се без работа и веднаш ги пуштаат во настава. Без пред тоа да има било каква проверка, а станува збор за работа со деца. Еве на пример за децата во средните училишта тие се веќе блиску до полнолетство па можеби и ќе можат да се справат со проблематичен наставник. Но што ќе се случува со децата од прво до петто, или од шесто до деветто. Тоа не се прави така, и тоа е само метод на присила и обид на кршење на штрајкот, смета Јаневска.





Сподели го ова:

Слични објави