Во ООУ „Кире Гаврилоски“ беа спроведени сообраќајни превентивни акции наменети за децата
Вчера (03.10) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Битола и Штип продолжија превентивните активности на полициските службеници – насочени кон темите од областа на безбедноста во сообраќајот, заштитата од пожари на отворено, како и во рамки на кампањата „Слави со срце, не со оружје“.
На подрачјето на СВР Битола, односно во Прилеп, во основното општинско училиште „Кире Гаврилоски“ и во Крушево беа спроведени сообраќајни превентивни акции наменети за децата, како и за возачите, а пак во Демир Хисар превентивните активности беа посветени на заштита на шумите од пожари – информираат од МВР.