ВИДЕО: Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа редовната 10 седница на чиј дневен ред се најдоа 35 прашања од интерес на граѓаните

Сподели го ова:


Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа редовната 10 седница на чиј дневен ред се најдоа 35 прашања од интерес на граѓаните.

Покрај Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот за 2022 година и Програмата за измени и дополнувања на Програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за оваа година советниците  исто така ја донесоа и  Одлука за доделување на средства од општинскиот буџет на здруженија на граѓани и фондации, како и спортски клубови во областите од надлежност на Општината.

За таа намена, од буџетот на Општина Прилеп беа одделени 6 милиони денари, од кои 4 милиони за спортски клубови и 2 милиони за здруженија на граѓани и фондации.

Со мнозинство гласови на денешната седница поминаа и одлуката за потпишување на повелба за збратимување, пријателство и соработка на Општина Прилеп  со градот Буца од Турција, одлуката за основање Акциски тим во заедницата, одлуката за давање на трајно користење на движни ствари на ЈКП „Комуналец“  како и одлуката  за прифаќање на донација.

Членовите на општинскиот Совет ги изгласаа тримесечнот извештај за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие  „Пазари“ како и одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плати за вработените во истото.  Исто така Советот даде зелено светло и на Изменетиот ценовник за отстапување на рекламен простор на автобусите од Јавниот градски превоз на ЈП за ПУП Прилеп.

Со мнозинство гласови против, советниците  не ги усвоија Годишните сметки на  основните и средните училишта во нашиот град.

Изгласани беа Одлуката за отпис на расипаните неупотребливи компјутерски системи  и други електронски уреди на ООУ „Круме Волнароски“  како и одлуката за давање на позитивно мислење на Статутот на ООУ „Рампо Левката“.

На 10 седница  советниците ги усвоија и предлог решенијата за разрешување и именување на претставници на Општина Прилеп во училишните одбори на двете основни училишта „Блаже Конески“ и „Кирил и Методиј“ и средното „Ѓорче Петров“ како и предлог решението за именување на членови во Управниот и надзорниот одбор на ЈОУДГ „Наша Иднина“. Како точка на дневен ред на оваа седница помина и Програмата за измена и дополнување на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година.





Сподели го ова:

Слични објави