ГОЛЕМА ПОБЕДА ВО ПРИЛЕП! РК “Прилеп” со доминантен настап славеше против РК Бутел со убедливи 30–20

Сподели го ова:






























РК Прилеп со доминантен настап славеше против РК Бутел со убедливи 30–20 во 14. коло од Супер Машка Лига!

Од самиот старт нашите момци ја контролираа играта (15–7 на полувреме), со цврста одбрана и брзи транзиции што ја кренаа публиката на нозе.

Посебно се истакнаа ефективниот напад со 94% реализација, одличната игра од крилата и борбената дефанзива со дури 14 успешни интервенции.

Со оваа важна победа, Прилеп се искачува на табелата и ја продолжува борбата за повисока позиција во плеј-оф трката.

Браво момци! Браво Прилеп!

Следниот предизвик доаѓа — продолжуваме уште посилно! – информираат од РК Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави