ТИМОТ ШТО ПОБЕДУВА – НЕ СЕ МЕНУВА: Одбојкарскиот – наставнички тим од ООУ ,,Кочо Рацин”-Прилеп го освои првото место во одбојка

Како што информиравме вчера – во претходните наши објави, во употреба се пушти новото мултифункционално игралиште кое што е плод на соработката помеѓу Општина Прилеп заедно со ООУ „Добре Јованоски“, во проектот на УНДП, „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо – економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“.
Со реконструкцијата, со поставување на нова подлога, како и целосното опремување на мултифункционалното игралиште, на нашите сограѓани а првенствено на учениците и родителите се разбира, ќе им се овозможи простор за дружење, социјализација и интеграција.
По повод свеченото пуштање во употреба на ова одлично мултифункционално игралиште, беше одржан натпревар во одбојка каде што првото место и пехарот заминаа во рацето на Одбојкарскиот – наставнички тим од ООУ ,,Кочо Рацин”-Прилеп.
Честитки за наградата!