ПРИСТИГНА ДЕКЕМВРИ: Месецот на високите сметки и големите трошоци
Пристигна Декември, и тоа онака брзо и динамично, како што и впрочем се очекуваше. Декември е месецот на кроењето на планови, на завршните семејни сметки, за некои е месец на забавите, а пак за верниците – декември е месец на пости, каде што во мир и благосостојба семејствата постат и се подготвуваат за Божиќните пости.
Денешниот прв декемвриски ден, започна со денешното студено утро, кое страмежливо преку утринскиот студ го најави последниот месец од годината.
Пристигна декември, а со тоа ќе пристигнат и зголемените сметки за струја, па како резултат на тоа, поголемиот дел од нашите сограѓани се прашуваат како ќе ја поминат зимата.
