ПРИЛЕП И ПРИЛЕПСКО ОБВИЕНИ ВО ТАГА: Освен мајката, почина и едно од дечињата кои биле во возилото со прилепски регистарски ознаки

Сподели го ова:























На 02.08.2023 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на место викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот.

По несреќата во Општата болница Прилеп биле пренесени сопатниците Џ.С.(33) од с.Канатларци, која во болницата им подлегнала на повредите, и малолетен сопатник кој бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, но при транспортот починал, а смрт констатирал лекар.

Додека со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште двајца малолетни сопатници. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево



Сподели го ова:

Слични објави