Малото прилепско ангелче Дина ја помина операцијата и закрепнува – финансиската помош е се’ уште потребна!
Малото прилепско ангелче Дина ја помина операцијата и закрепнува, а веста ја потврдија од нејзиното семејство:
Да ве известиме дека Дина ја помина операцијата добро и закрепнува. Добар дел од туморот е отстранет што ни дава надеж дека терапијата со зрачење ќе има поголем успех и туморот ќе се уништи.
Фала ви на сите за досегашната поддршка и донации. Знаејќи дека имаме долга борба пред нас, секоја помош е добредојдена.
Бројчињата за донации се уште активни, како и gofundme сајтот – истакнаа од семејството Неданоски.
A1 143 463
T-Mobile 143 133
Денарска сметка
210501616680716
Шифра: 562
Цел на дознака: Донација за Дина
Девизна сметка
MK07210501616680716
Swift TUTNMK22
Фала ви уште еднаш на сите
Фамилија Неданоски