Ги напиша “Сердарот” и “Скендербег” – 131 година од смртта на Григор Прличев
На 6 февруари во 1893 година во Охрид почина Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година. Во групата на неговите најголеми остварувања се поемите “Сердарот” и “Скендербег”.
Прличев преку поемата “Сердарот”, освен тоа што доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература помеѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во тоа време.