Работилница за превенција од врсничко насилство во прилепското економско училиште
Денес во СОЕПТУ Кузмна Јосифоски-Питу се одржа едукативна и инспиративна работилница за превенција од врсничко насилство, организирана од ученичкиот правобранител Матеј Трајкоски и Шалом Зекироски.
Изразуваме голема благодарност за одличната соработка и активното учество на сите ученици кои придонесоа со свои идеи и размислувања. Заедно градиме училиште во кое владеат почит, разбирање и пријателство! – стои во објавата на СОЕПТУ Кузмна Јосифоски-Питу.
















