Прилепскиот народен театар подготвува нова театарска претстава
Во театарот „Војдан Чернодрински“ започнаа пробите за новиот проект. Станува збор за театарската претстава „ГО ВИКАА ГОСПОДИН“, во режија на Борис Василески. Во претставата учествуваат актери од прилепскиот народен театар, како и неколку гости актери.
Сето тоа е знак, дека прилепската публика наскоро ќе ужива во уште едно маестрално дело, кое наскоро ќе биде изведено на “штиците што живот значат”.
Како ќе изгледа оваа претстава – не се ни сомневаме, бидејќи прилепскиот народен театар отсекогаш знаел да ја привлече прилепската публика, и со својата магија, и со професионалноста на актерите.