За очи рај, СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп функционира во полн сјај!
Хортикултурно уредени, реновирани кабинети и подобрени услови за изведување на теоретска и практична настава има во СОУ “Ѓорче Петров”. Сето ова оди во прилог на нашите идни доктори, фризери, козметичари и техничари кои учат во ова училиште во одлични услови.
Општина Прилеп со инфраструктурни уредувања и други тековни активности во сите средни и основни училишта продолжува и во наредниот период, затоа што подобрувањето на условите за работа и одвивање на наставно-образовниот процес, се суштински важни за квалитетно образование на нашите деца.