“Комфи Ангел” со уште една донација! Овој пат донираше во СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп

Сподели го ова:


























Денеска, Друштвото за производство на текстил, текстилни производи, трговија и услуги “Комфи Ангел”, како знак на добра соработка, во средното прилепско училиште “Ѓорче Петров” донираше две машини кои се во одлична состојба. Исто така, Комфи Ангел во ова средно училиште донираше и компјутер, текстилни материјали, како и машински конци за шиење за потребите на учениците од текстилно-кожарската струка.

Меѓутоа, тоа не е се! Комфи Ангел како општествено одговорна компанија за кабинетот по нега на болен каде што се изведува практична настава за профилот медицинска сестра, дониранираше перници, навлаки за перници, јоргани, навлаки за јоргани како и долни чаршави.

Од средното прилепско училиште “Ѓорче Петров” упатија голема благодарност до раковдството на компанијата, како и до директорката Ирена Јакимоска за оваа вредна донација.




Сподели го ова:

Слични објави