ЧЕСТИТКИ!!! Bimfood-Прилеп се вброи во топ 10-те најголеми извозници во секторот за прехранбена индустрија од Македонија, како и во листата на 100-те најголеми извозници од нашата земја за 2021 година
Кога некоја работа се прави со многу љубов и огромна посветеност, тогаш сето тоа дава големи, видливи резултати. Имено, таков е примерот и со прилепската компанија Bimfood – Прилеп, каде што како резултатат на успешната работа и правилниот начин на менаџирање кои го применуваат браќата Милан и Иван Бичанин, оваа компанија повторно се искачи во листата на најдобрите!
Имено, Bimfood – Прилеп се најде на листата на 100-те најголеми извозници од Македонија, а исто така се вброи во топ 10-те најголеми извозници во секторот за прехранбена индустрија од нашата земја за 2021 година.
На ваков начин Иван и Милан, освен што во европски и светски рамки ја претставуваат нивната компанија, го претставуваат и градот Прилеп како град во кој постојат успешни-светски компании кои нудат производи со европски и светски квалитет!
“STANICA.MK” упатува честитки до тимот на “Bimfood”!