|

Прилепскиот Градоначалник со честитка до македонските фудбалери

Сподели го ова:
















Македонија оствари историска победа против Италија, актуелниот првак на Европа, во третото меѓусебно соочување откако славеше со 1:0 во Палермо во полуфиналето од баражот за пласман во Катар. Веднаш после победата, на социјалните мрежи се огласи и прилепскиот Градоначалник Борче Јовчески кој што им ја честита победата на македонските фудбалери при што напиша: “БРАВО МОМЦИ МАКЕДОНЦИ! Радувај се нацијо!”. Инаку вчера Италија доминираше, но не ги искористи своите шанси, а тоа го казни Александар Трајковски во 92 минута.Во финалето од баражот за СП, Македонија ќе игра со Португалија во Порто во вторник, откако португалците вечерва славеше против Турција со 3:1.







Сподели го ова:

Слични објави