Почина осуденик кој издржувал 15 – годишна затворска казна во затворот Идризово

Сподели го ова:























На 16.10.2023 во 15.45 часот во СВР Скопје, од ЈЗУ – Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина Скопје било пријавено дека кај нив починал М.Г.(55) од Скопје, осуденик кој издржувал 15 – годишна затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба во 12.00 часот од затворот бил пренесен во заводот, каде што во 13.35 часот починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција – информира МВР.



Сподели го ова:

Слични објави