Денеска ќе биде потпишан меморандум кој ќе биде насочен кон овозможување децата да го остварат основното нивно право на континуирано присуство на двајцата родители во нивниот живот, воспитување и растење

Сподели го ова:
















„Меѓаши”-првата детска амбасада во светот и здружението на граѓани „Центар за рамноправно родителство – Децата пред се” ќе потпишат меморандум за соработка во текот на денешниот ден, кој што меморандум ќе биде насочен кон овозможување децата при, и по бракоразводни постапки, да го остварат основното нивно право на континуирано присуство на двајцата родители во нивниот живот, воспитување и растење. Веднаш откако ќе биде потпишан овој меморандум ќе следи и прес-конференција, се со цел за да бидат актуелизирани проблемите со кои голем број деца насекаде во земјите се среќаваат при бракоразводните постапки на нивните родители. Исто така, Првата детска амбасада во светот„ Меѓаши” ќе потсети и на проектите: дојавите на АлоБушавко/Телефонот за деца и млади, иницијативата за законски измени за реализација на заедничкото родителство по развод, како и за синдромот на отуѓено дете по бракоразводна постапка.







Сподели го ова:

Слични објави