Битолскиот ОК на “ВМРО ДПМНЕ” ги демантира лажните наоди дека „тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ најавиле недоаѓање или негласање“

Сподели го ова:





























Демант на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Битола во однос на лажните наоди дека „тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ најавиле недоаѓање или негласање“

Довербата на граѓаните, иднината на градот и неговото функционирање не можат да се водат со популизам, политиканство и исклучиво лични суетни пресметки.

Иднината се обезбедува со решителни чекори и безрезервна одлучност, визија и храброст.

Најважно, во клучните моменти да се носат вистинските, некогаш и непопуларни одлуки.

Категорично ги демантираме лажните наводи дека тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата контактирале било кого со најава дека нема да присуствуваат или гласаат на утрешната седница.

Наводите дека „тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ најавиле недоаѓање или негласање“ се целосна лага и груба манипулација со јавноста.

Денес, на Комисијата за финансии, присуствуваа СИТЕ советници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата факт што јасно ги побива измислените приказни.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапува единствено институционално, транспарентно и одговорно. Одлуките се носат по анализа, со јасни аргументи и во интерес на граѓаните, а не преку заткулисни договори, уцени и сценарија за напуштање на седници.

Обидите за префрлање вина и етикетирање со флоскули не можат да ја сокријат суштината:

јавните претпријатија со години работат со нереални цени, без корекција од 1994 година, а одговорното управување подразбира решенија, а не политички театар.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволат манипулации со јавноста и ќе продолжат да носат одлуки со цел стабилни јавни претпријатија и подобри услуги за граѓаните.

Нашето сојузништво продолжува – истакнуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Битола.




Сподели го ова:

Слични објави