“КОЈ СИ ИГРА” ПОДМЕТНУВАЊЕ НА ПОЖАР? На депонијата Алинци повторно е подметнат пожар

Сподели го ова:
























На депонијата Алинци повторно е подметнат пожар. Но, благодарение на брзата интервенција на екипите од ЈКП „Комуналец“ и ТППЕ – Прилеп, пожарот денеска е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување.

„Во вторникот добивме дојава околу 16 часот дека од западната страна на депонијата Алинци, во делот каде што се одлага текстилен отпад, има пожар. Веднаш интервениравме со механизација и со сите расположиви човечки ресурси и благодарение на помошта на ТППЕ – Прилеп која дојде со цистерни и друга придружна механизација, пожарот беше изгаснат еден часот по полноќ. Но, утрово повторно добивме дојава дека депонијата е опожарена и дека гори од спротивната страна. Се сомневаме дека како причина за предизвикување на овие пожари на депонијата Алиници е човечки фактор, надворешни лица, кои намерно подметнуваат пожар на депонијата од непознати причини„- истакна директорот на ЈКП Комуналец, Рубин Абрашоски, после одржаниот состанок заедно со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и претседателот на Совет Дејан Проданоски со членовите на Општинскиот кризен штаб, запознавајќи ги со настанатата ситуација на депонијата Алинци. Градоначалникот при оваа прилика, побара од командирот на ПС – Прилеп поголема присутност на полицијата во оваа област, со цел да се спречи палењето на депонијата.

Деновиве густ чад и неподнослива миризба на запален отпад се ширеше низ Пелагониското поле што создаде нарушување на квалитетот на воздухот. Од Општина Прилеп апелираат депонијата да не се пали затоа што постои опасност од еколошко нарушување и загадување на амбиенталниот воздух.

На терен, за утврдување на состојбата излегоа и Инспекторот за животна средина при ЛС Прилеп и претставник од Дирекцијата за заштита и спасување. А, од страна на ТППЕ-Прилеп за гаснење на пожарот на депонијата Алинци денеска учествуваа 4 противпожарни возила – цистерни и 8 пожарникари. Командирот Кристијан Момироски, истакна дека еден овој месец имаат значително голем број на пријави и интервенции за пожари на отворен простор и исто така и тој упати апел до сите наши сограѓани да внимаваат и да бидат совесни за да не предизвикаат непожелни ситуации.

Инаку, депонијата Алинци се протега на површина од 40 декари. Годишно на неа се одлагаат 32 илјади тони отпад.




Сподели го ова:

Слични објави