Во основните училишта учениците нема да носат повеќе маски и нема да се бараат сертификати во угостителските објекти во отворениот дел
Во основните училишта учениците нема да носат повеќе маски, додека пак нивните наставници и целиот останат технички персонал, маски задолжително ќе треба носат. Комисијата предлага дозвола за зголемување на капацитетот на исполнетост на објектите од затворен тип како кина и театри на 75 отсто, а исто така се предлага да не се бараат сертификати во угостителски објекти во отворениот дел.
“Денеска имавме редовна седница на Комисијата за заразни болести на којашто прво ја разгледавме епидемиолошката состојба од минатата недела и врз основа на бројките од минатата недела, но и на оние критериуми кои ги спомнавме во соопштение минатиот пат со коишто се обидуваме да ја објективизирање процената на епидемиолошкиот ризик донесовме три мерки во согласност со тој нов алгоритам на процена на ризикот”–истакна Александар Петличковски.

“Доколку увидиме влошување на епидемиолошката состојба или зголемување на епидемиолошкиот ризик, тогаш може повторно на сила да се вратат истите мерки. На ваков начин, постепено олабавувајќи ги мерките согласно епидемиолошкиот ризик, доколку успееме да ја контролираме на терен епидемиолошката состојба, сметаме дека можеме не се доведеме во ситуација како што се доведоа земјите како што се Австрија, Германија, Велика Британија и Данска каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починатиќ,– изјави Мехмедовиќ.