“Прилепски палавковци” во маглата го демолираат прилепскиот парк во близина на театарот
Очигледно е дека зимскиот распуст не е за секого, а посебно не е за оние кои немаат никакво домашно воспитување, и наместо да одмораат од училишните обврски, тие “дивеат” по прилепските улици. Нашиот информативен тим, додека беше на терен улови тројца “прилепски палавковци” како прават обид да го демолираат прилепскиот парк кој се наоѓа во близина на театарот кај “Златно зрно”. Имено, ниту густата магла не можеше да ја задскрие оваа лоша постапка од трите деца, кои повеќе од очигледно е дека немаат никаква општествена култура, меѓутоа за нивна среќа, од маглата не се гледаат нивните лица.
Станува збор за паркот кој што помеѓу прилепчани е познат како “музички парк”. Имено, децата неколку пати се качуваа на светилниците кои се во во вид на музички ноти, и со целата своја сила се нишаа на истите, се со цел за да ги оштетат светилниците и да ги турнат на земја. Сето ова, ја начнува темата во однос на тоа колку е воспитана прилепската младина, и колку родителите посветуваат време во однос на воспитувањето на своите деца?
ЗАБРАНЕТО Е ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ОВАА ОБЈАВА, БЕЗ ОФИЦИЈАЛНА ДОЗВОЛА ОД ИНФОРМАТИВНИОТ НОВИНАРСКИ ТИМ НА ИНФОРМАТИВНИОТ ПОРТАЛ STANICA.MK