Прилепските инспекциски служби и сите локални и државни инспекторати на состанок кај прилепскиот градоначалник

Сподели го ова:































Денес, во просториите на Општина Прилеп, се одржа состанок со сите инспекциски служби и сите локални и државни инспекторати кои делуваат во нашиот регион.

Целта на состанокот беше јасна, како и досегашното континуирано делување, мораме да продолжиме со заедничка соработка со цел сите правни субјекти да работат согласно прописите и да ги почитуваат законските регулативи. Само со здружени сили можеме да обезбедиме праведен и уреден систем во интерес на граѓаните и иднината на нашите деца. Нашата одговорност е да гарантираме ред, законитост и сигурност за сите! Општина Прилеп останува посветена на транспарентноста и на заштитата на јавниот интерес – истакнуваат од Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави