Јовчески и Проданоски оддадоа почит во одбележувањето на 80 години од загинувањето на патронот на прилепската Гимназија и Касарната „Мирче Ацев“
Денес, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, оддадоа почит во одбележувањето 80 години од загинувањето на патронот на прилепската Гимназија и Касарната „Мирче Ацев“.
“Еден од првите борци од Македонија со одликување на народен херој и човек кој што има голем придонес во борбите за националното ослободување на македонскиот народ. Мирче Ацев загинува во 1943 година, ѕверски мачен и убиен од бугарскиот фашистички окупатор” – истакна Јовчески.
Во чест на својот патрон празник, армискиот артилериски состав во касарната „Мирче Ацев“-Прилеп одржа пригодна програма, а професорите и учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп одржаа свечена академија и ликовна изложба во театарот „Војдан Чернодрински“.