КАЗНИ ДО 10.000 ЕВРА АКО КОМПАНИИТЕ НЕ ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ: Од денес, официјално поефтинуваат млечните производи за 10%, додека пак тестенините за вкупно 15%
Од денес, официјално поефтинуваат млечните производи за 10%, додека пак тестенините за 15%, во однос на тестенините (намалувањето се однесува на шпагетите и макароните).
До 31 мај ќе биде во сила одлуката за замрзнување на цената на млечните производи, каде што се вбројуваат трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлаката и јогуртот.
“Инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките! Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик….
Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба” – нагласуваат од ДПИ.
