ПРИЛЕПСКА ГОРДОСТ: Нашата прилепчанка Емилија благодарение на нејзиниот висок степен на креативност се закити со специјална награда
ЈОУДГ “Наша Иднина” – Прилеп учествуваше на конкурсот “Trash for art” со изработка на повеќе креативни дела, а како резултат на нивниот висок степен на креативност, се закитија и со награда. Имено, конкурсот беше во организација на Пакомак, а главната суштина на овој конкурс беше уметничките дела да бидат изработени од искористен амбалаж, и на истите да им се даде втор живот, преточувајќи ги во нови креативни дела.
На овој конкурс нашата прилепчанка Емилија која е вработена во ЈОУДГ Наша иднина -Прилеп изработи вистинско уметничко дело “Лустер” и се закити со специјалната награда од Прилепска Пиварница.
Веднаш после официјалното објавување на наградата, директорката на прилепските градинки Христина Трпческа на социјалните мрежи официјално и ја честита наградата на нејзината колешка Емилија, при што истакна:
“Емилија Калајџиевска се гордеам со тебе за успешно изработеното дело ,,Лустер” и специјалната награда од Прилепска пиварница / Prilep Brewery” – нагласи Трпческа.
Ова е уште една одлична иницијатива, за будење на свеста и кај децата и кај возрасните за важноста и придобивките од зачувувањето на здрава и чиста животна средина.