МВР и пазарните инспектори влегоа кај сопствениците на прилепските отпади каде констатираа бројни неправилности – следуваат санкции
На 04.04.2023 Секторот за внатрешни работи Битола, криминалистичката полиција при СВР Битола и Надворешните канцеларии за криминалистички работи во Прилеп и Ресен во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контроли на повеќе локации во Битола, Прилеп и Ресен каде се врши трговија со отпад.
Во Прилеп била извршена контрола во складишта во с.Мало Коњари, во с.Селце и на плац на ул.„Гостиварска“ во Прилеп, кои ги користел А.Ш.(54) од Прилеп, како и на плац на ул.„Беровска“, кој го користел К.И.(31) од Прилеп. При контролата, исто така, било констатирано дека лицата вршеле дејност без регистриран правен субјект.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријав.