АХИЛ ЈАКОВ: Одобривте бедни 600 евра за цел Прилеп! Народот памети!

Сподели го ова:


























Директорот на ООУ “Климент Охридски” од Прилеп, Ахил Јаков разочаран од МОН, упати остри критики до министерството за образование откако од страна на министерството за цел Прилеп беа одобрени околу 600 евра!

Спрема програмата за изградба и реконструкција на основните училишта за 2024 год владата одобри 4 милиони евра за сите основни и средни училишта ширум државата.

ООУ”Климент Охридски” од Прилеп конкурираше со готови,спремни изработени проекти во висина од 200 000 еу. Во службен весник денес на нашето училиште беа одобрени 150 еу.

Или во превод на сите основни училишта од Прилеп што конкурираа од колачот на 4 милиони евра сите заедно добија околу 600еу.

Благодарност до нив,благодарност на комисијата за распределување од нас и голема благодарност од учениците и родителите на сите ученици што учат во основните училишта во Прилеп.

Прилеп ќе ве памети!” – порача директорот на ООУ “Климент Охридски” од Прилеп, Ахил Јаков.




Сподели го ова:

Слични објави