ВИДЕО: Погледнете колку многу прилепчани (цели два викенди) зедоа учество во отворените денови организирани од страна на Општина Прилеп
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески заедно со својот тим, цели два викенди по ред, ги искористи за да биде заедно со своите сограѓани, да ги слуше нивните идеи за идни проекти, како и да им помогниме за побрзо решавање на нивните барања. Денеска, по повод големиот интерес на ваквата акција, со свој став излезе и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески при што истакна:
Почитувани наши прилепчани! Благодариме за вашиот огромен интерес, за вашето присуство и учество во отворените денови во нашата општина. Слушнавме навистина одлични идеи и предлози за креирање на новиот буџет како и многу други предлог-проекти за сите урбани заедници во нашиот град. За прв пат како градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ воведуваме една нова пракса која што можам да кажам дека ја оправда замислената цел и со сигурност ќе ја продолжиме во иднина! Заедно со народот, создаваме промени за сигурна иднина! – истакна Јовчески.