|

ПРИЛЕПСКА ГОРДОСТ: ФК “Победа” е една од 16-те екипи кои изборија пласман во втората рунда од најмасовното клупско натпреварување

Сподели го ова:






























Утре со почеток од 13:30 часот во просториите на ФФМ ќе биде извршено ждребувањето за 1/8-финаслето од Купот на Македонија.

По вчера одиграните 1/16-финални дуели познати се 16-те екипи кои изборија пласман во втората рунда од најмасовното клупско натпреварување. Клубовите треба да знаат дека ждрепката нема да биде диригирана а тоа значи дека можни се директни дуели на најквалитетните веќе во оваа фаза.

Во барабанот за ждрепката влегуваат следните 16 екипи:

Победа, Шкупи, Работнички, Фортуна, Вардар, Шкендија, Пелистер, Тиквеш, Брегалница, Академија Пандев, Струга Трим Лум, Македонија ЃП, Силекс, Скопје, Љуботен и Воска Спорт.

1/8 финалето е на програмата на 5 октомври од 14 часот – се истакнува во официјалната Facebook група на ФК Победа-Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави