МОМЕНТАЛНО: Кај “Солидност” сообраќајна несреќа помеѓу три возила


Во близината на кружниот тек кај “Солидност”, поточно веднаш после продавницата за овошје “Бонита”, вечерва настана тешка сообраќајка помеѓу три возила. Насобран народ, полицициски коли, и привидно блокиран дел од улицата, е вечерашната слика за настанатата собраќајна несреќа. Според сеуште неофицијални информации, повредено е едно лице.
Увид на лице место, моментално врши увидна екипа од страна на ОВР-Прилеп.
Подетални информации, во текот на утрешниот ден.

















