УЖАСНА ГЛЕТКА: Возило со прилепски рег. ознаки излета од патот


Вчера, (14.09.2022 година) во ОВР-Прилеп, добиена е пријава врз основа на која што на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод кај с.Мажучиште, излетало возило од патот.
Возилото било со прилепски регистарски ознаки, а било управувано од страна нс К.З. (55) од Ропотово. Лицето се здобило со тешки телесни повреди кои што биле дијагностицирани во градската болница, а веднаш на местото на несреќата бил извршен увид од страна на екипа на ОВР-Прилеп.


















