АКТИВНОСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Раководството на ЈКП Пазари-Прилеп го враќа стариот сјај на Млечниот пазар, преку првата фаза од проектот за реновирање
Со оглед на фактот што од 22.02.2014 година, денот кога млечниот пазар во Прилеп е пуштен во употреба, во неговото одржување не се вложени средства, еден од водечките проекти на раководството на ЈКП Пазари е враќање на стариот сјај на овој објект кој е изграден и пуштен во употреба според ХАЦЦП системот. Со цел да не се наруши редовното работење на пазарот, реновирањето ќе се одвива во неколку фази.
- Подигнување на хигиенските услови на продажните места – тезгите преку нивно реставрирање
- Овновување на ентериерот на пазарот
- Промена на оштетените ребрасти плехови
Реализацијата на првата фаза од проектот е во својата завршница. Отстранета е старата боја од бетонските тезги, направено е нивно крпење и премачкани се со нова боја, соодветна за таа намена.